Работа во Германија

Доколку си студент, и имаш најмалку 19 години, зборуваш германски јазик ( ниво А2/Б1), сакаш летoтo да гo пoминеш вo Германија и ја запoзнаеш германската култура, слoбoден си 3 месеци вo текoт на летoтo и сакаш да рабoтиш, тoгаш oва е идеална прoграма за тебе.

 

Прoграмата е наменета за студенти чиј најважен мoтив не е зарабoтувачката , туку запoзнавањето на друга култура, дружење, патување и усовршување на германскиот јазик. Работата е во функција на финансирање на престојот и патување во Германија.

 

 

Што опфаќа програмата :

  • Пронаоѓање на работа ( сезонски вид) во Германија, во траење од2-3месеци ( заработувачка од 8,50 Евра/час). Периодот на обука не е платен и трае 1-2 дена, во зависност од работодавецот
  • Ориентациона програма т.е семинар , по доаѓањето во Германија
  • Сместување на база на преноќување (2 ноќи во хостел), по доаѓањето во Германија, во местото или непосредна близина на местото во кое се наоѓа германскиот работодавец.
  • Здравствено осигурување ( во траење од 3 месеци )
  • Трансфер од аеродром до хостел ( важи само за групни доаѓања)

 

Општи услови за учество на прпграмата :

-Учесниците на програмата мора да бидат на располагање 3 месеци во текот на летото ( јуни , јули, август ) во текот на кои германскиот работодавец може да ги ангажира. Меѓутоа, не можат да сметаат дека ќе работат полни 3 месеци (поради времето на обука, времето потрошено на патување , потребите на работодавецот и сл.)

-Доаѓањето во Германија е групно , во точно утврден термин

-Во случај учесникот на програмата , од оправдани причини, да не дојде организирано со групата или доаѓа во истиот ден на различен термин од групата, мора за тоа благовремено да го извести организаторот на програмата и да плати дополнителни трошоци. Тој исто така го губи правото на ориентациона прогама/ семинар, на почетокот на програмата, како и обезбедено сместување во хостелот и трансфер од аеродром , по доаѓањето во Германија.

-Трансферот од аеродром се организира само за групи и вклучен е во цената на прoграмата

-Во случај да доаѓањето во Германија, е со други превозни средства ( воз, автобус ) трансферот не е организиран и не влегува во цената на програмата

-Учесниците со послабо познавање на германски јазик , можат да очекуваат помал број на работни часови во однос на кандидатите со подобро познавање на германскиот јазик

-За учесниците на програмата кои ќе работат кај работодавци во северниот дел на Германија, ќе биде организирано сместување во хостел и ориентациона програма семинар во Хамбург (евентуално Берлин)

-За учесниците кои ќе работат кај работодавци во јужниот дел на Германија , ќе биде организирано сместување во хостел и ориентациона програма семинар во Минхен

-За учесниците на програмата кои ќе работат кај работодавци во југозападниот дел на Германија, сместувањето во хостел и ориентационата програма семинар ќе биде организиран во Штудгард или Франкфурт

-Учесникот на програмата не може да го избира местото во кое ќе работи ниту градот во кој ќе ја следи ориентационата програма семинар , на почетокот на програмата

-Организаторот на програмата не гарантира пронаоѓање на работодавец во Германија. Одлука за приемот на кандидатот на работа ја носи работодавецот. Од таа причина, програмата т.е трошоците за пронаоѓање на работа нема да бидат наплатени до потпишувањето на договор со работодавецот.

-Организаторот на програмата на учесниот на програмата му гарантира една работна понуда, која тој може да ја прифати или да ја одбие. Во случај на одбивање, нема гаранција дека ќе биде обезбедена друга работа, кај друг работодавец во Германија.

-Цената на сместувањето во градовите е многу поголема, во однос на помалите места , така да учесникот на програмата треба тоа да го има во предвид при пронаоѓање на соодветно сместување

-Заинтересираноста на работодавачите е поголема за кандидатите студенти на туризам и угостителсто и за студентите со подобро познавање на германски јазик.

-Не е можна промена на работодавачот, по дпаѓањето во Германија. Пред да стаса учесникот во Германија, работодавецот кој гп ангажира во текот на летото, го пријавува студентот на надлежните државни органи во Германија и за тоа добива нивна согласност односно работна дозвола за студентот.

-Постои можност да повеќе кандидати, кои сакаат да бидат заедно, да работат кај ист работодавец.

-При приемот на кандидатот на програмата односно на работа, организаторот програмата од Германија односно работодавецот, посебно посветуваат внимание на мотивите поради кои студентот се пријавил да учествува на оваа програма

-Индивидуално пристигнување подразбира доаѓање на студентот истиот ден кога и групата. Доаѓање на различен датум од групата не е можен не со доплата.

 

Цена на прпграмата :

-трошоци за пријавување – 3000 ден.

-Трошоци за пронаоѓање работа – 600 Eвра

-Трошоци за обезбедување на сместување – 200Евра ( опционално)

-Семинар за хигиена ( по доаѓање) – 30-40 Евра ( зависно од локација )

Во цената на пронаоѓање на работа, вклучени се 2 ноќевања во хостел, организирана ориентациона програма, СИМ картичка, здравствено осигурување за период од 3 месеци, аеродромски трансфер при доаѓање, во термин од 6:00-18:00 часот

 

Вп цената на прпграмата не е вклученп :

-Трошоци за авио превоз до Германија и назад

-Трошоци за патување од хостел до работодавецот ( 20-40 Евра)

-Сместување и исхрана ( одделни работодавци, воглавно во малите места, обезбедуваат сместување на учесниците на програмата, по многу ниски цени )

-Трошоци за индивидуално доаѓање на програмата ( истиот ден но независно од групата) ( 150 Евра)

 

Рок за пријавување :

Пријавите се примаат најдоцна до 20.03.2017

 

Пријавување :

Потребно е кандидатот пополнетата пријава, со останатата документација ( копија од пасош, CV на германски јазик ,1 фoтoграфија пасoшки фoрмат, пoтврда oд факултет дека сте студент,oригинал и преведена на германски јазик, и пoтврда за пoзнаваwе на германски јазик) да ја дoстави вo агенција.

Пo приемoт на апликацијата, oрганизатoрoт на прoграмата oд Германија, пo пат на Скајп ќе гo кoнтактираат кандидатoт, пoради прoверка за пoзнавање на германски јазик и мотивот за учество на програмата.

Доколку кандидатот биде примен на програмата, организаторот на програмата од Германија апликацијата на кандидатот ќе ја прати кај потенцијалните германски работодавци. Пооделни работодавци инсистираат на тоа да и тие направат Скајп интервју со кандидатот, како би ги подобро запознале со работата за која би ги ангажирале, но и од кандидатот да слушнат од прва рака што тој мисли за тоа.

Кога работодавецот и кандидатот ќе се согласат во поглед со работата, потребно е кандидатот повторно да достави нова потврда од факултет ( претходната потврда ја задржува агенцијата од Германија), како би било извршено пријавување на кандидатите на надлежните државни органи во Германија.

 

Услови на откажување:

Во случај да кандидатот го откаже учеството на програмата пред добивање на работа односно потпишување на договорот за работа со германскиот работодавец од Германија, агенцијата ги задржува трошоците за пријавување.

Во случај кандидатот да го откаже учеството на програмата по добивање на работа односно потпишување на договорот со работодавецот од Германија, нема право за враќање на уплатените средства.

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web