ДЕСТИНАЦИЈА

ВЕСТИ
ИНФО од 07/04/09
Развојните проекти во реализација на секторот за Incoming туризам во Савана, во текот на месец Март ги промовираше новите туристички карти на Скопје и Македонија. Овие туристички карти како посебна едиција која е наменета пред се за странските туристи, печатена е на англиски јазик. Истата вклучува и водич за туристичките места низ републиката и градот Скопје. Првиот тираж на оваа едиција која се дистрибуира бесплатно, е отпечатен во 20.000 примероци.
ИНФО од 07/04/09
По повод првиот роденден од излегувањето на месечниот информатор за патувања, одмор и забава - Травел инфо, се отвори и неговата нова веб - страница. На новата интернет страница www.travelinfo.mk, по многу што единствена, ќе можете секогаш на време да дојдете до најновите изданија на TRAVEL info.
ИНФО од 07/04/09
Аранжманите за Велигденските празници, се скоро пополнети и затворени за продажба, моментална интензивна продажба бележат аранжманите за 1-ви Мај.
Отварањето на новата интернет страница, го промовираше и модулот "Форум", кој во основа е замислен како отворен простор за размена на мислењата и искуствата на сите вљубеници во патувањата и туризмот воопшто.
АМЕРИКА 2010

ШТО Е WORK & TRAVEL ПРОГРАМАТА
Програмата Work & Travel е програма за меѓународна културна размена на студенти. Основана е со цел на странските студенти да им се овозможи во текот на летниот распуст, да престојуваат и работат во САД  и на тој начин да го усовршат англискиот  јазик , подобро да ги запознаат САД и да  стекнат нови пријателства.

ОД НАС СЕ ПОЧНА... Наром Травел, во далечната 1996 год. , во соработка со Караван Травел од Србија, ПРВИ почнаа со испраќање студенти , од Регионот, на Work &Travel  програмата во САД. 
Со тек на време Work &Travel стана НАЈПОПУЛАРНА СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА на која годишно учествуваат околу 150 000 студенти од целиот свет.
Според бројот на испратени студенти и искуство кое го имаме во реализација на Work&Travel програмата, Наром Травел , заедно со своите регионални партнери, е водечка агенција во Регионот.

ЗОШТО БАШ НИЕ..Големото искуство во организирање на програмата, како и личното искуство на вработените во агенцијата,  кои самите биле учесници на разни програми на културна размена, представуваат дополнителна гаранција  во поглед на квалитетот и сигурноста.

Во соработка со Караван Травел, Наром Травел е посредна членка на YUTA( национално здружение на туристички агенции) и повеќе меѓународни организации кои ги пропишуваат стандардите за реализација на програмите за меѓународна културна размена.(WYSE Confederation, WYSE- Work Abroad, IAPA –Au Pair , ALTO-Language travel). Агенцијата Наром Травел во странство соработува, исклучиво со агенции, кои се членки на споменатите меѓународни организации, со обврска, при реализирање на програмите,да ги почитуваат стандардите и прописите. ТРАДИЦИЈА, КВАЛИТЕТ, СИГУРНОСТ, ДОВЕРБА...

НАШ ПАРТНЕР-Организација Interexchange, организатор на програмата во САД, е организација која се занимава со програмите на меѓународна  културна размена повеќе од 40 години. Од страна на US Department of State, Interexchange е овластен , да биде спонзор на учесниците на Work & Travel Exchange Visitor Program во САД. Interexchange годишно во САД доведува околу 20 000 студенти од целиот свет.

·  ОПЦИИ НА WORK & TRAVEL ПРОГРАМАТА:

  1. FULL SERVICE: работа и сместување обезбедува Interexchange. Во цената е вклучено : повратен авио билет до Њујорк ,, 2-дневен престој во Њујорк во хотели на Менхетен ( на база на ноќевање), организиран пречек на аеродромот во Њујорк, трансфер од аеродром до хотел на Менхетен,  ориентација во Њујорк, организирано пријавување за добивање SSN (социјален број )  бесплатен  сервис телефон дежурен 24 часа, формулар DS-2019 и Сертификат за учество на програмата. 
  2. SELF ARRANGED: работа и сместување  обезбедува самиот студент (пред заминување за САД). Можност за патување директно до саканата дестинација во САД. Во програмата е вклучено: проверка на работната  понуда, повратен авио билет до Њујорк т.е до саканата дестинација во САД - со доплата, DS-2019 , информации и формулари за добивање SSN (Social Security Number),  сервис телефон дежурен 24 часа и Сертификат за учество на програмата.

·  ИНТЕРВЈУ И ОРИЕНТАЦИЈА

Сите студенти пријавени на програмата, задолжително треба  да присуствуваат на ориентација во Скопје на која представници на Interexchange и Наром Травел,  ќе зборуваат подетално за самата Програма. По ориентацијата-предавањето ќе биде извршено интервју-разговор со секој студент. Најдоцна 7 дена по извршениот разговор, студентите ќе бидат известени за резултатите. Присуството на интервјуто и ориентацијата е ЗАДОЛЖИТЕЛНО. 

· РАБОТНА ПОНУДА  - JOB OFFER

На сите примени студенти на Full Service програмата РАБОТАТА И СМЕСТУВАЊЕТО ВО  САД СЕ ГАРАНТИРАНИ.

Пред  поаѓањето на програмата, секој студент ќе добие една работна понуда - Job Offer во која ќе биде назначено името на фирмата во која ќе работите, работите кои ќе ги извршувате, работното време, заработувачката на час, условите на сместување , оддалеченост на местото на работа од Њујорк, како и начинот и цената на превозот од Њујорк до местото во кое ќе работите. Со ставање на потпис на “ Job Offer ” потврдувате дека сте ја прифатиле работната понуда и сите права и обврски кои произлегуваат од неа.
Периодот на траење на Job Offer (работната понуда) е минимум 3 месеци, максимум 4. Interexchange максимално се труди да излеземе во пресрет на сите ваши барања кои сте ги навеле во пријавата, но не гарантираме дека барањата во Пријавата ќе ви бидат во целост исполнети.
Студентите на опцијата Self Arranged работната понуда ја наоѓаат сами.

·   СМЕСТУВАЊЕ

Во работната понуда, Job Offer, на секој учесник на програмата поединечно му се дадени информации за условите и цената на сместување.
Сместувањето подразбира обезбедување соба (засебна или заедничка) со употреба на купатило, а понекогаш и употреба на кујна. Скромното сместување, какво оваа програма подразбира, не предвидува телевизори, клима уреди и сл. во собите. Цената на сместувањето зависи од локацијата и од работодавецот. Сместувањето може да биде бесплатно, но и по цена од 100 УСД. Просечната неделна цена на сместување минатата година беше  65 УСД. Плаќањето на станарината најчесто се регулира со одбивање од заработувачката. Некои работодавци бараат студентите да остават депозит кој ќе им биде вратен, по завршување на програмата( тоа е назначено во работната понуда).

·  ЗАРАБОТУВАЧКА

Загарантираната најниска заработувачка според американските закони е 6.55 УСД/ 1 час работа. Заработувачката на студентите се движи од 6.55 $ -13 $/на час .  Цената на работниот час може да биде и пониска од загарантираниот минимум доколку работното место подразбира задолжително добивање бакшиш (tips).

·  ДОКУМЕНТ  DS-2019

 / Certificate of Eligibility for Exchange Visitor Status/
Доколку бидете примени на програмата InterExchange на негово име ќе издаде Certificate  of Eligibility for Exchange Visitors Status  (DS-2019) врз основа на кој се добива Ј-1 виза.. Оваа виза им овозможува на студентите да работат ( 4 месеци максимум) и потоа еден месец да патуваат во САД. Овој документ  студентите  го добиваат, со посредство на агенцијата НАРОМ ТРАВЕЛ, непосредно пред одење на разговор во конзулатот на САД.

· ПАТУВАЊЕ
Агенција НАРОМ ТРАВЕЛ им обезбедува на учесниците на програмата повратен авио билет до Њујорк, односно до саканата дестинација во САД. Авио компании со кои Наром Травел соработува се British Airways и Air France. На учесниците на програмата , Наром Травел, им обезбедува авиобилети по посебни тарифи за групи. Точната цена на авиобилетот ќе биде објавена најдоцна до интервјуто.
Термините за поаѓање се:

Full Service

 

18-19   May

26-27
May

1-2
June

8-9
June

15-16
June

22-23
June

29-30
June

Self
Arranged

10-11
May

18-19   May

26-27
May

1-2
June

8-9
June

15-16
June

22-23
June

29-30
June

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА СТУДЕНТИТЕ СЕ ДОЛЖНИ  ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈАТА. АГЕНЦИЈАТА НЕМА ДА ВРШИ РЕЗЕРВАЦИИ НА АВИОКАРТИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА одн. ИСТЕКОТ  НА Ј-1 ВИЗА.

·  ПРЕСТОЈ ВО  ЊУЈОРК
Учесниците на Full Service Work & Travel програмата на аеродромот во Њујорк ќе ги пречекаат претставници на InterExchange и ќе ги пренесат до хотелот кој се наоѓа на Менхетен. Досега нашите студенти беа сместувани  во хотелите New Yorker  www.newyorker.com и Pennsylvania www.hotelpenn.com и  Hostelling International New York  www.hinework.org . Престојот во Њујорк е на база на 2 ноќевања.
По доаѓањето во хотел секој учесник на програмата ќе добие папка во која се наоѓаат корисни информации за престојот во САД, како и детални инструкции за патувањето од Њујорк до работодавецот. Наредниот ден по доаѓањето во Њујорк, претставници на Interexchange, ќе одржат ориентација на која присуството е задолжително. На ориентацијата покрај студенти од нашата земја, ќе бидат присутни и студенти од други земји кои дошле на W&T програмата.

·  ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТНИТЕ МЕСТА

  1. Full Service

Видови на работа
Оваа програма на студентите им обезбедува едноставни сезонски работи воглавно во туристичките центри, забавни и национални паркови, хотели, ресторани, продавници ширум САД.

 Можете да се определите за следните видови на работа:

  • Housekeeping ( одржување на хотелските соби, чистење со правосмукалка, чистење купатила, менување постелнина, местење кревети и сл.)
  • Kitchen Help  ( миење садови, сечење храна, чистење на кујната, помош на главниот кувар, фрлање ѓубре исл.)
  • Maintenance (поправка на скршени работи, косење трева, пренесување мебел, чистење базени, фрлање ѓубре и сл.)
  • Sales Help ( помош при продавање бомбони, виршли, сладолед, пици, помош при наплата, помош на муштерии, чистење и сл.) Потребно е одлично познавање на англиски јазик.
  • Amusement Park Work ( продавање брза храна, управување и контрола на игрите и возилата во забавниот парк, чистење на паркот и сл.). Најголем број од овие работи се на отворен простор.

Покрај горе наведените работи , нудиме и РАБОТИ ПО СПЕЦИЈАЛНО БАРАЊЕ.
За овие работи како и за работите во забавните и националните паркови ќе бидете ангажирани само доколку вие тоа го барате. Доколку се одлучите за некоја од овие работи , предлагаме  како алтернатива да одберете некоја работа од работите во точка еден.
*NATIONAL  PARKS:  Death Valley and Sequoia (California), Grand Canyon (Arizona), Yellowstone (Wyoming), Denali (Alaska), Glacier (Montana).  За оваа работа потребно е да поседувате способност да се прилагодувате и живеете во рустични предели. Видовите на работи се исти како и во другите области.
*COUNTY FAIR CONCESSIONS:  Овде се работи за работи кои опфаќаат продажба на храна и пијалоци на штандови на саемите во регионот на Среден Запад и Северен Исток. Со вашиот работодавец ќе патувате од саем на саем. Сместувањето е обично обезбедено во приколки.  Меѓународна возачка дозвола Е НЕОПХОДНА, бидејќи од вас може да се бара да помогнете при возењето.
*ICE CREAM VENDING JOBS:  Овие работи се лоцирани во и околу Philadelphia, Pennsylvania; Norfolk, Virginia i Columbia,Maryland. Студентите се однесуваат како самостојни работни луѓе и изнајмуваат возила со сладолед од компанијата. Оваа работа се нуди само на машките. За извршување на оваа работа неопходно е поседување на Меѓународна возачка дозвола.
*PUSHING ROLLING CHAIRS: Овој вид на работа е лоциран во Atlantic City, New Jersey. Овие  плетени столици се користат како такси и операторот физички ги бутка  туристите во количката, горе-доле, по патеката за шетање. Тоа е ТЕШКА И НАПОРНА работа. Сместувањето не е обезбедено, но компанијата ќе ви помогне да најдете сместување.
LIFEGUARDS:  Овие работи се лоцирани на отворени базени кои се наоѓаат надвор од градските средини. Приоритетна работа на спасителите е да на пливачите им обезбеди безбедност и ред во базените. За оваа работа можат да конкурираат само студенти во добра физичка кондиција и со добри пливачки способности. Постојат мали можности за наоѓање втора работа. Бројот на работни часови пред се зависи од временските услови.

ЛОКАЦИИ НА РАБОТНИ МЕСТА

1.Eastern Mountain Resorts:
2.Eastern Ocean Resorts:
3.Midwestern Resorts:
4.Western Resorts:
5.Southern Resorts:

НАЧИН НА ДОБИВАЊЕ НА РАБОТНА ПОНУДА

  • Врз основа на пријавата- Interexchange обезбедува работна понуда врз основа на барањето од вашата пријава и оцената од интервјуто.
  • Direct Hire- Учесниците на Full Service опцијата на програмата ќе имаат можност да се определат за конкретен работодавец и работна понуда пред интервјуто. Од резултатот од интервјуто зависи дали избраната работна понуда ќе биде потврдена од страна на Interexchange . Студентите на кои нема да им биде потврдена работната понуда,  како и оние кои не се определиле ни за една од понудените работни понуди, InterExchange ќе им обезбеди работна понуда во согласност со пријавата. Оваа можност важи само за студентите кои ќе се пријават меѓу првите , затоа што бројот е ограничен.
  • Job Fair- во зависност од заинтересираноста на работодавци од САД  постои можност  во посредство со Interexchange и Караван Травел во Белград да се организира директна средба на учесниците на програмата со работодавците. Во таа прилика кандидатите со добар англиски јазик, доколку сакаат ќе имаат прилика лично да поразговараат со работодавците и така да си обезбедат работна понуда. Студентите кои на овој начин ќе добијат работна понуда остануваат на регуларната Full Service процедура што значи дека InterExchange во согласност со пријавата ке ја среди работната понуда.

Во секој случај  на сите учесници на програмата примени на Full Service опцијата им гарантираме добивање на една  работна понуда пред заминување за САД.

  1. Self Arranged

Студентите кои ќе се пријават на оваа опција , мораат до 20.март 2009 , да достават работна понуда односно  Interexchange Employment Agreement Form ( формулар)  што ќе го добиете во агенција или можете да го симнете од нашиот web site.
Видови на работи кои апсолутно НЕ  се прифаќаат: Чување на деца ( Au Pair), Работа во детски кампови (Camp Caunselors),  работи во лабораторија, работи во авио индустрија, во лаборатории, училишта, градилишта,  работи каде воглавно се користи мајчиниот јазик.

Full Service програмата  вклучува:

  1. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РАБОТНА ПОНУДА  (  Job Offer)- Работа и сместување
  2. ДОЧЕК на аеродром во Њујорк
  3. ТРАНСФЕР од аеродром во Њујорк  (Менхетен) до хотел
  4. СМЕСТУВАЊЕ  во Њујорк во хотел на Менхетн на база на 2 ноќевања
  5. Организирано пријавување за добивање SSN (социјален број) по ориентацијата
  6. Travel Directions од Њујорк до работодавецот
  7. Здравствено осигурување ( 4 односно 5 месеци )
  8. Обезбедување на документот DS-2019
  9. Ориентација и интервју во Скопје
  10. Закажување на групни термини за визирање во Амбасадата во Скопје
  11. ОРИЕНТАЦИОНА програма во Њујорк
  12. Студентски информатор, помош за време на траењето на програмата, бесплатен телефонски број за итни  случаеви 24 часа дневно, материјали за ориентација, информации за даноците, правата и обврските на студентите според местата на вработување, информации за метрички конверзии и сл.
  13. Travel Directions од Њујорк до работодавецот
  14. Сертификат за учество на програмата W& T – се добива по враќањето од програмата со приложување на авио билетот

Self Aranged програмата вклучува:

  1. Обезбедување на документот DS-2019
  2. Ориентација и интервју во Скопје
  3. Здравствено осигурување  ( 4 односно 5 месеци )
  4. Проверка на веродостојноста на работната понуда
  5.  Помош за време на траењето на програмата, бесплатен телефонски број за итни случаеви 24 часа дневно, материјали за ориентација, информации за даноците, правата и обврските на студентите според местата на вработување, информации за метрички конверзии и сл.
  6. Писмено упатство и формулар за добивање SSN (Социјален број)
  7. Сертификат за учество на програмата W& T - се добива по враќањето од програмата со приложување на авио билетот

·  ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Сите учесници на Work & Travel програмата мора да бидат здравствено осигурани за време на престојот во САД, т.е за време на валидноста на DS-2019 документот. За време на петтиот месец здравственото осигурување не е задолжително, но се препорачува.
Ги советуваме сите учесници на програмата пред патувањето да си направат лекарски и стоматолошки преглед. Здравствената состојба на кандидатите не се проверува но се подразбира кандидатите да се здрави и работно способни. Сите болести појавени пред патувањето не се покриваат со здравственото осигурување.

·  ВИЗА

 Барањето се поднесува со посредство на нашата агенција, а студентот задолжително мора да се појави  лично на интервју. Во агенција ќе ги добиете сите потребни документи кои се однесуваат на програмата и целта на престојот во САД. Покрај тие документи ,учесниците на програмата имаат обврска да донесат документи кои го докажуваат нивниот статус, материјална состојба, уплатница за уплатена такса на Конзулатот на САД и сл. Таксата изнесува 131 УСД (во денарска противредност) и се уплаќа во Комерцијална Банка. Списокот на документи кои треба да се обезбедат ќе го добиете од НАРОМ ТРАВЕЛ по пат на e-mail. Закажувањето термин за интервју во Конзулатот на САД во Скопје се врши за група со посредство на агенцијата НАРОМ ТРАВЕЛ. Продолжувањето на Ј-1 визата , како и промената на визата за време на траењето на W&T програмата не е возможна.

·  SEVIS ( Student and Exchange visitor information System)

SEVIS  е систем за евиденција и следење на учесниците на Exchange Visitor Program од страна на US Bureau of Immigration and Custom Enforcement, за време на престојот во САД. Документот SEVIS ( I-901) мора да се приложи со останата документација при предавањето на молбата за добивање виза и молбата нема да биде разгледана без овој документ.  Цената за обработка на податоците SEVIS ( I-901) изнесува 35 $ и се плаќа при поднесување на документите за виза. Секој учесник на програмата од InterExchange со посредство на Наром Травел ќе добие свој примерок за СЕВИС при предавањето на документите за визирање.

·  УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРОГРАМАТА

Право на учество на програмата имаат само редовни студенти (Full Time) на Универзитетите и Високите училишта кои редовно полагаат испити и ги исполнуваат следните услови:

  • имаат најмалку 18, а најмногу 27 години
  • зборуваат англиски јазик во мера потребна за комуникација
  • се здравствено осигурани за време на целиот престој во САД
  • да се толерантни, флексибилни, прилагодливи, совесни, вредни

·  ПРИЈАВУВАЊЕ

Доколку ги исполнувате сите горенаведени формални услови , а доволно  сте самостојни  сами да се снаоѓате , да сте дружељубиви, отворени и сакате да запознаете свет, а притоа самостојни во донесувањето одлуки, ви се нуди можност да се проверите самите себе и своите способности и со својата работа  да обезбедите своја егзистенција. Бројот на места е ограничен.

Со пријавата треба да приложите:

  • 1 фотографија пасошки формат
  •  писмени препораки од работодавци кај кои повремено сте работеле или професор
  • индекс на увид
  • 2 фотокопии од првата страница на пасошот и копија од претходни американски визи
  • фотокопија од индексот ( првата страна, последен заверен семестар и положени испити)
  • потврда од универзитетот за вашето студирање
  • потврда за уплатени  2500,00 денари (примач: Наром Травел,   210-0496764001-66, депонент Тутунска Банка -АД Скопје; цел на уплатата Летна работа во САД  2009).

·  НЕДОБИВАЊЕ НА ВИЗА

Доколку студентот не добие виза, му се враќа уплатениот депозит намален за 100 УСД  , под услов  студентот  да го врати докуметот DS-2019 и да го приложи пасошот на увид. 
Назад

Изработено од Pelanet