ДЕСТИНАЦИЈА

ВЕСТИ
ИНФО од 07/04/09
Развојните проекти во реализација на секторот за Incoming туризам во Савана, во текот на месец Март ги промовираше новите туристички карти на Скопје и Македонија. Овие туристички карти како посебна едиција која е наменета пред се за странските туристи, печатена е на англиски јазик. Истата вклучува и водич за туристичките места низ републиката и градот Скопје. Првиот тираж на оваа едиција која се дистрибуира бесплатно, е отпечатен во 20.000 примероци.
ИНФО од 07/04/09
По повод првиот роденден од излегувањето на месечниот информатор за патувања, одмор и забава - Травел инфо, се отвори и неговата нова веб - страница. На новата интернет страница www.travelinfo.mk, по многу што единствена, ќе можете секогаш на време да дојдете до најновите изданија на TRAVEL info.
ИНФО од 07/04/09
Аранжманите за Велигденските празници, се скоро пополнети и затворени за продажба, моментална интензивна продажба бележат аранжманите за 1-ви Мај.
Отварањето на новата интернет страница, го промовираше и модулот "Форум", кој во основа е замислен како отворен простор за размена на мислењата и искуствата на сите вљубеници во патувањата и туризмот воопшто.

NEWSLETTER

Бела Роза II
Т.А. “Бела Роза” II е основана во 1993 година. Во своето долгогодишно постоење агенцијата се издвојува по својата оригиналност и професионалност. Поседува лиценца “А” бр. 177, издадена од Министерство за економија на Република Македонија. Активна членка е на Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија (АТАМ). Уште од самиот почеток Т.А. “Бела Роза” II се одликува со сериозен пристап на подрачјето на туризмот. Во текот на своето работење постигнува перманентен растеж во сите области на туризмот. Организира секаков тип на аранжмани како во рамките на странскиот туризам , така и во рамките на домашниот туризам. Воедно нудиме беспрекорна организација и реализација на екскурзии, саеми, семинари т.е. се одликува со голема спремност да одговори на секое барање на странките. Во текот на своето долгогодишно професионално работење туристичката агенција успешно организира групни и индивидуални патувања во странство, со хотелско сместување; како и посредување во вадење на авионски, автобуски карти, визи … Во делот на домашниот туризам нудиме услуга на индивидуални и групни патувања низ Македонија, посредување при хотелско сместување, превоз, туристички водичи и др. Т.А. “БЕЛА РОЗА II” располага и со сопствен превоз и тоа: високотуристички автобус ( 49 + 2 ) седишта, како и мини буси од различна категорија. Истата соработува со осигурителна компанија и е овластен застапник за издавање на полиси за патничко и здравствено осигурување

Назад
КОНТАКТ
tel. ++389 47 225 254
fax. ++389 47 228 254
e-mail. belaroza@mt.net.mk
   
Pel@net
bitolainfo
Loading

Изработено од Pelanet