Лоцирано во Пиринските планини, Банско е мало туристичко место кое се развива доста брзо во последните 10 години и веќе станува монденско зимовалиште кое нуди релаксација за целата година, како скијање во зима, така и одмор во свежиот планински воздух во текот на летото. Банско е мало градче, со уникатен микс од стара традиција и модерен стил. Новите и ултра модерни хотели  се одделени од етнографските куќи стари повеќе од 100 год, со стари калдрмести улички. Градот е под заштита на УНЕСКО, како дел од светското богатство. Стариот часовник кој се наоѓа во срцето на градот е главна туристичка атракција и работи веќе 150 години. Банско нуди многу локални ресторани, кои таму ги нарекуваат МЕХАНА, каде се служи традиционална бугарска храна и пијалоци. Локалното население е познато по гостопримливоста и љубезноста, со тоа Банско е место на кое ќе посакате повторно да се вратите

 

1 ден: 09.03.2018 состанок на групата во 06.00 часот пред спортска сала на паркингот. Поаѓање за Банско. Попатни паузи. Пристигнување, сместување во хотел. Слободно време… Вечера. Ноќевање.

2 ден: 10.03.2018 Појадок. По појадокот можност за слободни активности и прошетка низ градот со многу интересна архитектура, многу кафеани, ресторани, продавници за сувенири…Организирана 8 –мо Мартовска Забава со вечера.. Ноќевање.    

3 ден: 11.03.2018 Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Посета на Разлог, разглед на големиот голф центар во Банско, Пирин Голф и Кантри Клуб. Поаѓање за Битола, пристигнување во вечерните часови.  

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

* 4.900 ден. за автобус

* 5.190 ден за минибус

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок и вечера
  • 8-мо Мартовска забава со вечера
  • Користење на базен, сауна и парна бања
  • Организација и водство на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

  • Здравствено и патничко осигурување
  • Факултативни посети

 

Напомена:

– За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

– За овај аранжман, важат општите услови на патување на Т.А. Бела Роза II

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2018 Изработено од Elite Web