БУДВА-ДУБРОВНИК-КОТОР-ТИРАНА

 

Будва една од најпопуларните летни дестинации во Црна Гора, позната по огромното културно наследство и прекрасните плажи, богатиот ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура… Стара е околу 2.500 години, што ја прави да е една од најстарите населени места на брегот на Јадранот. Будва плени со својата убавина од која не се заситуваш, таа е мистична и недопирлива, мами и ве заведува да ја посетите одново и одново.

 

30.12.2017 (Сабота) Битола – Подгорица – Будва

Состанок на групата во 01:00 часот, на паркингот на Спортска сала. Поаѓање за Будва. Пристигнување во утринските часови во Подгорица, посета на трговскиот центар “Delta City”, слободно време за прошетка низ градот. Тргнување во Будва во попладневните часови. Сместување во хотел Анита, во центарот на градот. Слободно време за индивидуални прошетки низ Будва, позади тврдините каде се наоѓа стариот дел од градот, каде има мноштво продавници, сувенирници, кафичи и ресторани. Вечерта предновогодишна забава со легендарните Бајага и Инструктори. Ноќевање.

 

31.12.2017 (Недела) Дубровник – Котор

Факултативно поаѓање за Дубровник, разглед на градот. Дубровник е град заштитен под УНЕСКО град кој не ве остава рамнодушен, разглед на Страдун (главната улица во стариот дел на градот), Локрун, Тврдината … Патувањето продолжува за Котор, град исто со голема историја, посета на плоштадот на оружјето,па плоштадот на брашното, Катедралата Свети Трипун, како и црквите Свети Лука и Никола….Враќање во Будва. Вечерта Новогодишна голема журка на плоштадот во Будва со легендарните Бјело Дугме, Горан Брегович, Ален Исламович… Ноќевање.

 

01.01.2018 (Понеделник) Будва-Тирана

Одјавување. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Тирана, разглед на центарот на градот, посета на плоштадот на Скендер Бег, тука е и кулата со градскиот часовник… Слободно време за ручек, кафе и индивидуални активности. Посета на еден од најголемите трговски центри во Тирана и слободно време за шопинг… Пристигнување во утринските часови наредниот ден.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3.690 денари

 

 

Цената вклучува:

– автобуски превоз на наведената релација

– сместување во апартмани (Анита – во строгиот центар на градот над ноќен клуб Трокадеро)  на база 2 ноќевања

– организација на аранжманот и пратител на групата

 

Цената не вкучува:

– патничко осигурување

– факултативна посета на Дубровник и Котор – 15€

– влезници за локалитетите

– други факултативни посети

 

Напомена:За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

За овој програм важат Општите Услови на патување на СКТМ и Т.А Бела Роза.

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web