ВЕНЕЦИЈА

НОВА ГОДИНА 2018

 

1 ден   29.12.2017 СКОПЈЕ:                         

Состанок на групата во 14.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 15.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

 2 ден  30.12.2017 ТРСТ- ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови.Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.   Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден  31.12.2017  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА:

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.

 

4 ден  01.01.2018  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА :

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

 

5 ден  02.01.2018 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во попладневните часови .

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ: 149€ / 9.240 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  159€ / 9.860 ден.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*
  • Посета на Трст
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • Целодневна задолжителна посета на  Веронаи Сирмионе 15 €
  • Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  15 €
  • Посета на Фиренца 45 €
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2   по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување 155 мкд
  • Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.Бела Роза
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web