ВИЕНА

НОВА ГОДИНА 2018

 

Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот и ноќта. На 31-ви Декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона. Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година по чијашто должина десетици гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав  претставува вистинско уживање.

 

1 ден 29.12.2017 Скопје – Виена

Состанок со групата  во 16.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајкоквски, поаѓање за Виена во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

 

2 ден 30.12.2017 Виена

Пристигнување во Виена во пладневните часови. Посета на познатиот Outlet Shopping Center – ParndorfСлободно времеза предновогодишеншопинг. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 31.12.2017 Виена

Појадок. После појадокот заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2017 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2018 Виена

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

 

5 ден 02.01.2018 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.11.2017: 149€ / 9.240 ден.

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€ / 9.860 ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3*на база 2НП
  • Професионален туристички придружник за време на целото патување
  • Организација и реализација на програмата
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Охрид, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Влезница за дворецот Шенбрун – 30€ – (влезница + локален водич + превоз)
  • Разглед на Виена со локален водич – 10€
  • Дунавска Кула – 10€
  • Вечера во ресторан – 30 €
  • Задолжително патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата

 

 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.а.Бела Роза
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање.

 

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web