Истанбул (автобус)

 

1 ден: 08.03.2018 ( Четврток )

Состанок на групата во 18 часот. Поаѓање за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи преку Грција.

 

2 ден: 09.03.2018 ( Петок )  

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел со 3***. Мал одмор. Посета на најголемиот тематски аквариум во Европа, кој има водечка позиција во светските аквариуми благодарение на неговиот волумен, различните видови на риби како и сите други активности кои се ЕДИНСТВЕНО И НЕПОВТОРЛИВО ИСКУСТВО.  Посета на трговскиот центар Венеција, кој според инфраструктурата наликува на италијанската Венеција. Панорамски разглед на градот. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден: 10.03.2018 ( Сабота )

Појадок. По појадокот – факултативна посета на Аја Софија, едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија– едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6 минариња изградени во името на султанот Ахмет. Слободно попладне за индивидуални прошетки и посета на Капали Чаршија. Факултативно 8мо мартовска забава во национален ресторан. Ноќевање.

 

4 ден: 11.03.2018 ( Недела )

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Факултативно крстарење со брод по Босфор под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Крстарењето продолжува до Бујук Када, најпознатиот и најголемиот од деветте острови познати како острови на принцот,место каде нема гужва, има само мистичен спокој во кој уживаат неговите жители. Карактеристично е тоа што овде превозот се одвива само со велосипеди и кочии. Можност за прошетка низ островот со кочија. Потоа, Ве водиме до видиковецот Чамлиџа од каде ќе го видите Истанбул и Босфор на дланка. Посета на највисоката зграда во Европа висока 236 метри, трговскиот центар САФИР  со прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување наредниот ден во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4.990 денари

 

Во цената е вклучено:

  • превоз со високотуристички автобус
  • сместување во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок
  • панорамски разглед на градот
  • организација и водство на аранжманот
  • посета на трговскиот центар Венеција

Во цената не е вклучено:                                                                                                                                

  • патничко осигурување

–       8 мо мартовска вечера во национален ресторан со богато мени – 25 евра

  • посета на Аквариумот – 15 евра
  • Крстарење по Босфор со посета на Бујук Када – 25 евра
  • Аја Софија, Топ Капи и Сината Џамија – 40 евра
  • Кулата Saphire Seyir Terasi – 15 евра

           http://www.istanbulakvaryum.com/ ; http://www.istanbulsapphire.com/

 

Напомена:

За реализација на аранжманот, потребни е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување ТА Бела Роза II

а Роза II

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2018 Изработено од Elite Web