ИСТАНБУЛ

 

1ден: 20.10.2017 ( петок)

Состанок на групата во 18 часот. Поаѓање за Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2ден: 21.10.2017 ( сабота )  

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел со 3***. Мал одмор. Посета на најголемиот тематски аквариум во Европа, кој има водечка позиција во светските аквариуми благодарение на неговиот волумен, различните видови на риби како и сите други активности кои се ЕДИНСТВЕНО И НЕПОВТОРЛИВО ИСКУСТВО. Панорамски разглед на градот: Валенсовиот аквадут, Шехезаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулемание, Азиската страна, мостовите на Босфор, брдото Чамлиџе… Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3ден: 22.10.2017 ( недела)

Појадок. По појадокот – факултативна посета на Аја Софија, едно од најмонументалните зданија на Христијанската вера, конструирана како базилика во VI-от век од царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – Палатата на султаните, заедно со ризницата, посета на Сината џамија- едно од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6-те минариња изградени во името на султанот Ахмет. Факултативнo, вечера во национален ресторан со богато мени. Ноќевање.

 

4ден: 23.10.2017 (понеделник)

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Факултативно крстарење со брод по Босфор и факултативна посета на Отоманската палата Долма Бахче Сарај- последната резиденција на Отоманските Султани која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Посета на највисоката зграда во Европа висока 236 метри, трговскиот центар САФИР со преубавата панорамска тераса. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.790 денари

 

Во цената е вклучено:

  • превоз со високотуристички автобус
  • сместување во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок
  • панорамски разглед на градот
  • организација и водство на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

  • патничко осигурување
  • вечера со богато мени – 35 евра
  • посета на Аквариумот – 15 евра
  • Долма Бахче Сарај – 25 евра
  • Крстарење по Бсфор – 20 евра
  • Аја Софија, Топ Капи и Сината Џамија – 40 евра
  • Кулата Saphire Seyir Terasi – 15 евра

 

Напомена:

За реализација на аранжманот, потребни е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување ТА Бела Роза II

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web