21 и 22 Октомври

Сараево – Мостар – Дубровник – Будва

 

1 ден: 20.10.2017 (Петок) Битола – Сараево

Состанок на групата во 17 часот пред спортската сала на паркингот. Поаѓање кон Босна и Херцеговина со попатни паузи преку граничниот премин Табановце. Патувањето продолжува преку Србија се до Сараево. Ноќно возење со попатни одмори..

 

2 ден: 21.10.2017 (Сабота)

Во утринските часови попатна посета на Дрвениот град од Емир Костурица. Патувањето продолжува према Вишеград со мал одмор кај мостот на Дрина. Околу пладне пристигнување во Сараево. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на Сараево со локален водич: Алипашино поле, Грбавица, Скендерија, Мостовите на Миљацка, Народниот театар, Градската куќа, Царската џамија, Башчаршија, Казанџилук – казанџиската улица на сувенири, Себиљ – центарот на стариот град, Мориќа Хан, Газирхусербеговиот безистен и Гасирсухербеговата џамија, Синагогата, Катедралата, Црквата Св. Архангел Михаил и др. Ноќевање.

 

3 ден: 22.10.2017 (Недела) Сараево – Врело Босне – Сараево

Појадок. По појадокот посета на изворите на реката Босна познати како “Врело Босне“ во подножјето на планината Игман во југозападниот дел од сараевското поле, омилено место на сарајлиите. Посета на тунелот за спас на Сараево кој е изграден за време на опсадата на Сараево. Враќање во Сараево. Посета на највисокиот облакодер (Аваз твист кула) на Босна и Херцеговина. Разглед на старата Башчаршија, многуте занаетчиски дуќани, продавници за сувенири. Враќање во хотел. Факултативна вечера во ресторан со богато мени и музика. Ноќевање.

 

4 ден: 23.10.2017 -(Понеделник) Сараево – Мостар – Дубровник – Будва

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Поаѓање за Јабланица местото каде што беше одржана битката на Неретва. Презентација со водич за настаните околу 15 минути на видео бим. Поаѓање за Мостар. Разглед на градот: старите градби кои датираат од Турско време: стариот мост, Кулата Келебија, Саат Кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва. Патувањето продолжува со попатна посета на Неум и Дубровник, разглед на стариот град кој е заштитен од УНЕСКО, Локрун, тврдините,…Патувањето продолжува кон Црна Гора,премин на Бока Которска со траект. Пристигнување во Будва, мал одмор за вечера. Поаѓање за Македонија, преку Албанија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови, наредниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.200 денари

 

Во цената е вклучено:

– превоз со високотуристички автобус

– сместување во Спа Хотел ТЕРМЕ 4**** на база 2 со појадок

– организиран панорамски разглед на Сараево, посета на Мостар и Дубровник

– организација и водство на аранжманот

 

Во цената не е вклучено:

–    Факултативна вечера

–    патничко осигурување

–    влезници за музеите и културно – историските споменици

 

Напомена:

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Бела Роза

Крајниот рок за известување на евентуален отказ е 5 дена пред датумот на поаѓање.

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web