ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ФИРЕНЦА

НОВА ГОДИНА 2018

 

 

1 ден – 29.12.2017 – СКОПЈЕ – Монтекатини

Состанок на групата во 12:30 на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Во 13:00часот  поаѓање за Фиренца, Италија. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

 

2 ден – 30.12.2017 – Монтекатини – Пиза – Монтекатини

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO,  Крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден – 31.12.2017 – Монтекатини–Сиена- Сан Џимињано-Фиренца – Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет со локален водич во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во Сан Џимињано типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Во договорено време поаѓање за ФИРЕНЦА, за дочек на НОВА ГОДИНА 2017. Секој плоштад со своја новогодишна бајка. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден – 01.01.2018 – Монтекатини – Cinque Terre –Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневна факултативна екскурзија до едни до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Пристигнување во градот La Spezia од каде излетот продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO.Cinque Terre претставува една од најголемите туристички дестинации во Италија. Враќање во La Spezia и поаѓање за Монтекатини. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден – 02.01.2018 – Монтекатини – Фиренца – Скопје

Појадок. Во раните утрински часови напуштање на хотелот и заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

 

6 ден – 03.01.2018 – Скопје – Пристигнување во Скопје во доцните попладневни/вечерните часови .

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  ЗА УПЛАТА ДО 25.11.20167: 199 €/12.340 ден

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209€/ 12.960 ден

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  • Организиран разглед на Фиренца со локален водич
  • 8рганизиран разглед на Пиза
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, карта за воз) – 45€
  • Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) – 40€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција)
  • Патничко здравствено осигурување – 180 ден
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.а.Бела Роза
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web