ЈАНИНА – МЕЦОВО на 12.11.2017

 

Јанина или Јанино —главен и најголем град во областа Епир, северозападна Грција.

Издигнат амфитеатрално на бреговите на езерото Памвотис, на надморска височина од 500 метри, градот Јанина во регионот Епир, во Грција, плени со природните убавини и историските споменици, кои се секогаш интересна понуда за туристите.

Туристите во Јанина може да уживаат во музејските поставки и продавници на сребро и злато во овој град, а на гурманите им се нуди голем избор на таверни и ресторани со богата понуда на храна – од локални специјалитети до современа грчка кујна. Тука се наоѓа Куќата на Матеј Хусеин, Отоманската џамија на Вели Паша и целиот тој историски простор во центарот на градот е една голема и уникатна атракција. Јанина отсекогаш била мултикултурна, каде заедно и сложно живееле и Христијаните, Муслиманите и припадници на Еврејската заедница…

 

12.11.2017 недела Состанок на групата пред Спортска Сала во 05:00 часот и поаѓање за Јанина. Пристигнување и посета на Пештерата Перама, со панорамско вовче кое тргнува од центарот на градот и ве носи се до Пештерата, целосен нејзин разглед со водич и вклучена влезница. Потоа, се упатуваме кон центарот на градот, слободно време за прошетка низ градот, кафе и слично. Потоа се упатуваме кон Мецово, карактеристично планиско место, кое плени со својата автентичност и зачувана стара архитектура. Сликовито мало гратче кое е сместено на падините на планината Пиндос.Сликовита населба изградена на околу 1200 метри надм. висина, каде сите куќи се изградени во стил – камени зидови со кровови изградени од дрва. Според една легенда името го добило по Словенскиот назив Меци Ово или во превод село на мечки,… Слободни активности, прошетка низ Мецово, пауза за ручек… Во попладневните часови поаѓање за Битола. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1200 денари

линк од пештерата  http://www.spilaio-perama.gr/en/

 

Цената вклучува:

– автобуски превоз на наведената релација

– разглед на Јанина

– посета на Пештерата, влезница, водич , како и превоз до неа со панорамско вовче

– посета на Мецово

– организација на аранжманот и пратител на групата

 

Цената не вклучува:

– патничко осигурување

– други факултативни посети

 

Напомена:За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

За овој програм важат Општите Услови на патување на СКТМ и Т.А Бела Роза.

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web