БЕЛГРАД 8ми Декември

 

БЕЛГРАД – Белград е главен град на српската култура, образование, наука и економијата. Како резултат на својата бурна историја, Белград со векови бил дом на многу националности. Тој е еден од најстарите градови во Европа, и денес има население од околу 1,7 милиони. Градот лежи на два меѓународни канали за вода, на устието на реките Сава и Дунав, и достојно се нарекува порта на Балканот и вратата за Централна Европа.

 

1 ден: 08.12.2017( Петок) Битола – Белград

Состанок на групата пред С.С Младост – Битола, во 23:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден: 09.12.2017 (Сабота) Белград

Пристигнување во Белград во  утринските часови. Сместување во хотел Балашевич 3*. Организиран разглед на градот со локален водич, тврдината Калемегдан, најголемата бесплатна атракција на градот, чии порти се нон стоп отворени. Прошетка низ Кнез Михајлова, омиленото шеталиште на Београѓаните, улица која ги спојува Теразија и Калемегдан, наречена е и најубавата пешачка улица во Источна Европа со згради во посебен стил и бутици од најпознатите марки…,Плоштадот на Републиката , главно место на состаноци, но и на многубројни културни случувања, концерти, перформанси… Овде се наоѓаат две значајни културни институции, Народниот Театар и Народниот Музеј, плоштадот Терезије, во чија близина се наоѓаат двата најпознати хотели, хотел Москва и хотел Балкан, плоштадот Славија, најпрометниот кружен тек во градот, каде се слеваат седум булевари и улици…Посета на Храмот Свети Сава, најголемиот православен храм на Балканот, изграден во српско-византиски стил, нејзината градба траела повеќе од 80 години, а е толку голем што во него можат да седат 10000 луѓе во исто време… Враќање во хотелот. Факлутативно забава во ресторан со жива музика. Ноќевање.

 

3 ден: 10.12.2017 (Недела) Белград

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Посета на Дедиње, Меморијалниот Центар и Куќата на Цвеќето во која се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пауза за ручек во еден од многуте ресторани на Скадарлија– најбоемското место во градот, каде се служи домашна храна и ракија придружувана од староградска музика во живо… Организиран шопинг во еден од најголемите трговски центри Ушче.Во вечерните часови поаѓање за Битола.Пристигнување во утринските часови наредниот ден

 

Цена НА АРАНЖМАНОТ: 4.350 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 1 ноќевања со појадок
– Организирани разгледи со локален водич според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Свечена вечера  во ресторан
– Влезници за музеи и културно историски споменици

– Патничко и здравствено осигурување

 

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А. Бела Роза II

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web