Нова 2018 во РИМ

55
56
57

 

Сите патишта водат во РИМ… и навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како “Римското царство”, овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеуштe го красат овој град…

 

31.декември (недела)              СКОПЈЕ – РИМ 

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:15 часот. Лет за Рим W6 7757 во 13:15ч. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот со  панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви… Сместување и слободно време за индивидуални активности. Индивидуално присуство на пречекот на Новата Година, на некој од градските плоштади. Ноќевање.

 

01.јануари (понеделник)         РИМ – НЕАПОЛ – СОРЕНТО

Појадок. Факултативна посета на Неапол и Соренто. Неапол е најголемиот град во Јужна Италија, кој изобилува со голем број на историски споменици, скулптури, театри, опери… поради што и го нарекуваат музеј на отворено. Панорамски разглед на градот со локален водич: разглед на Градскиот плоштад “Piazza del Plebiscito”, Општинската зграда, замокот Кастел Нуово, театарот Сан Карло, кралската палата “Palazzo Reale”, националната библиотека… Заминување кон Соренто. Преку заливот на Неапол лежи најимпресивниот брег – Сорентинската пенинсула, со поглед кон Неапол, вулканот Везув и островот Капри. Разглед на Соренто со локален водич: Базиликата Св.Антонио Абате, манастирот Сан Франческо, како и многубојните тесни и прекрасни улички, каде што ќе може да го набавите прочуениот италијански пијалок лимончело, произведен во Соренто. Враќање во Рим во вечерните часови. Ноќевање.

 

02.јануари (вторник)               РИМ – ВАТИКАН 

Појадок. Слободно времее за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на Ватикан: Систинската капела,Ватиканските музеи и црквата Св.Петар. По разгледот, прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничката четврт на Рим. Убава можност за краток одмор и уживање во вкусот на италијанското кафе. Вечерта, можност за факултативна вечера во национален ресторан, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

 

03.јануари (среда)                    РИМ – ТИВОЛИ

Појадок. Слободно времее за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на паркот Tиволи. Прекрасната “Villa D’Este” и нејзината градина, се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Можност за попладневна прошетка и посета на црквите низ Рим (со метро): катедралната црква посветена на Св. Павле, црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, како и црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил. Ноќевање.

 

04.Јануари (четврток) РИМ  – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Рим во 12:30ч. Лет за Скопје W6 7758 во 15:30ч. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот.

 

Цена на аранжманот:              449 €     (27.840 мкд)

Цена во претпродажба:           399 €     (24.740 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:          

– Авионски превоз: Скопје-Рим-Скопје

– Аеродромските такси во Скопје и Рим

– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром

– Сместување во хотел ***/****, на база 4 ноќевања со појадок

– Организиран панорамски разглед на Рим со водич

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Факулативен излет до Неапол и Соренто

– Посета на Ватикан: резервација, превоз со метро, водич, слушалки и влезница (45 €)

– Посета на паркот Тиволи: превоз, водич и влезница (55 €)

– Патничко, здравствено осигурување (226 мкд)

– Туристичка такса на градот Рим: хотел 4* (6€), хотел 3* (4€) по лице од ден, се наплатува на рецепција

 

Напомени:      

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.а.Бела Роза

Т.А Бела Роза

  •   Булевар 1-ви Mај 185 Битола

  •    +389 47 22 52 54

  •    belaroza@t.mk

Галерија

Контакт

© Т.А Бела Роза 1993-2017 Изработено од Elite Web