ДЕСТИНАЦИЈА
ШУШАЊ (БАР)

Една од најмалите држави на Балканскиот полуостров и во Европа, смело го започна својот продор кон светскиот туристички пазар. Нам добро позната од времињата со заедничко минато, секако дополнително ни е пријателски блиска. Искреното добредојде во Црна Гора, како да се слуша најгласно. Во нивните места кои иако изобилуваат со своите препознатливи специфичности, сеуште можете да се напиете и македонско пиво, да слушнете и македонска музика, а во последно време и да ве угостат наши сограѓани. Едноставно, Црна Гора е наша вистински пријателска и блиска земја. Црногорското приморје е регион, на кој дури и прекуокеанските земји му ја признаваат неговата убавина. Еколошки сочуваната природа, прекрасните плажи, убавото море... сето тоа стана вистински магнет за милионите евра странски инвестиции во туризмот. Забрзаната изградба во туристичките места долж црногорскиот брег, како и се’ поорганизираната инфраструктура која го прати споменатиот развој, ветуваат прекрасна иднина. Центрите: Будва, Бар, Сутоморе... веќе се места кои ги препознаваат илјадниците македонски туристи. Изборот на понудените пакети во нив, е само продолжеток и потврда на минатогодишната успешна сезона.
Бар настанал пред околу 800 години, одолевајќи на луѓето и на времето и растејќи заедно со нив. има голем број културно-историски споменици кои потсетуваат на времето низ кое поминувал, за денес да стане модерен убаво уреден медитерански град, со убави хотели, спортско-рекреативен центар, уредени плажи. Во овој град прекрасно е да се живее, а посебно задоволство е да се биде турист. Туристичката населба Шушањ во Бар пружа одлични услови за одмор и летување во вистински смисол на зборот. Мирното место вдолж плажата од ситен камен, опкружена со борова шума е вистински рај, особено за гостите кои доаѓаат со деца. За секој оној кому му треба вистински одмор, Шушањ е правото место! Во туристичката населба Шушањ постојат услови и објекти за организиран детски, младински и спортски туризам. Посетете ги нашите објекти и уверете се во квалитетот на она што го нудиме.


1. ден СКОПЈЕ – ЦРНА ГОРА
Состанок на групата во 20:30 часот на паркингот пред хотел Холидаѕ Инн, заминување за Црна Гора во 21:00 ч. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

2. ден ЦРНА ГОРА (Будва, Шушањ, Сутоморе...)
Пристигнување во Црна Гора во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштата. Ноќевање.

3. - 10. ден ЦРНА ГОРА (Будва, Шушањ, Сутоморе...)
Денови за одмор со престој во соби (А-категорија) во приватни куќи, на база полн пансион. Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.

11. ден ЦРНА ГОРА - СКОПЈЕ
Напуштањенасобите (до 09:00ч.) Заминување од Црна Гора во попладневните часови. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

12. ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.


Хотел TALAS - Шушањ




Локација
: до 400м. од плaжа
Содржини: 19 соби, од кои 9 се трокреветни (дупли кревет и единечен), со сопствен тоалет, кујна, TV, тераса и клима. Останатите 10 соби се двокреветни и трокреветни, со сопствен тоалет и TV.
Услуга: пакет аранжман со полн пансион (доручек, ручек и вечера).
Сите оброци се сервираат според дневното мени на ресоранот.

ЦРНА ГОРА

Сместување

Термин

07.Јуни

16.Јуни

25.Јуни

04.Јули

13.Јули

22,31.Јули

минимум

Услуга

14.Септ

05.Септ

27.Август

18.Август

09.Август

лица

TALAS

Соби "C" 1/2 (twc)

9 пансиони

139

169

189

219

229

239

2

Шушањ, Бар

Соби "C" 1/3 (twc)

9 пансиони

139

169

189

219

229

239

3




Попусти и доплати
:
- Дете 0-3 години (само превоз/седиште) 40 ЕУР
- Дете 3-7 години во заеднички кревет -40%
- Дете 7-12 години на дополнителен кревет -20%
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет -5%
- Доплата за еднокреветна соба: + 50%

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни соби по избор (сопствен тоалет)
на база 9 полни пансиони (појадок, ручек и вечера)
- Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Употреба на клима уред со доплата на рецепција +20 ЕУР (по соба)
- Туристичка такса, се плаќа на рецепција
- Задолжително е групно патничко осигурување од 290 мкд (без франшиза)

НАПОМЕНИ:
- Цените се изразени во Евра, за уплата во денарска противредност
по пазарен курс од 1 ЕУР = 61,80МКД
- Попустите за деца и трето лице важат при сместување во соба со две возрасни лица
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ