|
Една од најмалите држави на Балканскиот полуостров и во Европа, смело го започна својот продор кон светскиот туристички пазар. Нам добро позната од времињата со заедничко минато, секако дополнително ни е пријателски блиска. Искреното добредојде во Црна Гора, како да се слуша најгласно. Во нивните места кои иако изобилуваат со своите препознатливи специфичности, сеуште можете да се напиете и македонско пиво, да слушнете и македонска музика, а во последно време и да ве угостат наши сограѓани. Едноставно, Црна Гора е наша вистински пријателска и блиска земја. Црногорското приморје е регион, на кој дури и прекуокеанските земји му ја признаваат неговата убавина. Еколошки сочуваната природа, прекрасните плажи, убавото море... сето тоа стана вистински магнет за милионите евра странски инвестиции во туризмот. Забрзаната изградба во туристичките места долж црногорскиот брег, како и се’ поорганизираната инфраструктура која го прати споменатиот развој, ветуваат прекрасна иднина. Центрите: Будва, Бар, Сутоморе... веќе се места кои ги препознаваат илјадниците македонски туристи. Изборот на понудените пакети во нив, е само продолжеток и потврда на минатогодишната успешна сезона.
Кога Лорд Бајрон ја видел Будва напишал: “Кога се раѓала нашата планета најубавата средба на морето и копното мора да се случила на црногорското приморје. А кога се создавале бисерите на природата, на ова тло ги расфрлиле со полни раце!”. Будва се наоѓа на еден од најубавите делови од јадранскиот брег. Помеѓу бујната вегетација и морето се наоѓаат долги, песочни плажи, а крај нив удобни хотели и вили. Будва е една од најстарите населби на овој дел на Медитеранот. Според археолошките остатоци, неодамна го прослави својот 2500-ти роденден. Будва е затворена во единствен архитектонски споменик-град со ѕидини од XV век. Составена е од склоп од тесни улички и мали плоштади со споменици од различни медитерански култури, кои го обележале нејзиниот развој. Легендата вели дека градот го основал Кадмо, син на фенискиот крал Агенон. Кадмо откако бил протеран од Теба на воловска запрега пристигнал до јадранскиот брег, и тука ја основал Будва. Во центарот на градот е откриен римски, а под него и грчки некропол. Се работи за едно од највредните археолошки наоѓалишта во овој дел на Медитеранот. Во внатрешноста на градските ѕидини и денес се наоѓаат цркви од голема историска и уметничка вредност – Св.Иван, која датира од VII век, Св. Марија, бенедиктска црква од 840 година, како и црквата Св.Тројство.
Туристичките содржини на овој град се дополнително збогатени со различни традиционални културни и забавни манифестации. Посебна приказна е ноќниот живот по кој Будва е исто така надалеку позната. Нејзините улици и плоштади живеат до длабоко во ноќта, и ако се препуштите на ритамот на будванските ноќи, сигурно одлично ќе се забавувате. Исто така, вреди да се спомене и традиционалната црногорска гостопримливост, поради која Вашиот престој овде ќе биде уште попријатен. Над Будва сонцето сјае 332 часови и затоа овој град е познат како еден од најсончевите, не само на Јадранот, туку и во цела Европа. Будванската ривиера има плажи во должина од 12 км: Словенска Плажа, Могрен, Бечичи, Јаз… Уживајте во Будва!
|
|
1. ден СКОПЈЕ – ЦРНА ГОРА Состанок на групата во 20:30 часот на паркингот пред хотел Холидаѕ Инн, заминување за Црна Гора во 21:00 ч. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.
2. ден ЦРНА ГОРА (Будва, Шушањ, Сутоморе...) Пристигнување во Црна Гора во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштата. Ноќевање.
3. - 10. ден ЦРНА ГОРА (Будва, Шушањ, Сутоморе...) Денови за одмор со престој во соби (А-категорија) во приватни куќи, на база полн пансион. Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.
11. ден ЦРНА ГОРА - СКОПЈЕ Напуштањенасобите (до 09:00ч.) Заминување од Црна Гора во попладневните часови. Дневно и ноќно возење со попатни одмори. 12. ден СКОПЈЕ Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.
|
|
Попусти и доплати: - Дете 0-3 години (само превоз/седиште) 40 ЕУР - Дете 3-7 години во заеднички кревет -40% - Дете 7-12 години на дополнителен кревет -20% - Трето возрасно лице на дополнителен кревет -5% - Доплата за еднокреветна соба: + 50%
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: - Превоз со туристички автобус на наведената релација - Сместување во двокреветни соби по избор (сопствен тоалет) на база 9 полни пансиони (појадок, ручек и вечера) - Организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: - Употреба на клима уред со доплата на рецепција +20 ЕУР (по соба) - Туристичка такса, се плаќа на рецепција - Задолжително е групно патничко осигурување од 290 мкд (без франшиза)
НАПОМЕНИ: - Цените се изразени во Евра, за уплата во денарска противредност по пазарен курс од 1 ЕУР = 61,80МКД - Попустите за деца и трето лице важат при сместување во соба со две возрасни лица - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници - За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ |