|
Познатата туристичка дестинација и последните години, една од најбараните во Европа, ги има најдобрите сместувачки капацитети на Црното Море. Како соседна земја, со својата близина и прифатлива туристичка понуда, преку целата година претставува интересна туристичка дестинација на македонските патници. Софија – главениот град, како и познатите зимски, бањски и летни туристички центри се главниот адут со кој оваа земја се докажува пред големата публика на обединета Европа. Динамичниот развој на Бугарија, преку големите странски инвестиции, можеби е најприметлив токму во местата каде туризмот е основна стопанска гранка. Црноморскиот брег, познат по убавите песочни плажи и умерената медитеранска клима, на својата 380 км долга ривиера вбројува преку 30 туристички места. Голем дел од нив се носители на признанието EU Blue Flag, поради природната убавина и извонредна уреденост. Во брошурите на големите европски туроператори, се почесто се застапени познатите црноморски центри, како Златни Песоци, Албена, Сончев Брег, Несебар... Тие нудат голем избор на хотели, како и богата вонпансионска понуда на услуги по поволни цени. Во нашата понуда за ова лето ќе најдете хотели од сите категории во горенаведените дестинации. Сончев Брег е најголемиот и најпознатиот ресорт во Бугарија. Лоциран е на јужниот црноморски брег, околу 35 км од Бургас и 90 км од Варна. Климата е медитеранска со голем број сончеви денови од Мај до Октомври. Просечната температура на воздухот во летните месеци изнесува 27 С, а на водата 24 С. Песочната плажа во должина од 9 км и ширина до 50 м ги задоволува високите еколошки стандарди и е наградена со “сино знаме” (Blue Flag). Туристичката понуда ја сочинуваат 115 воглавно реновирани хотели, околу 80 базени, голем број ресторани, барови, ноќни клубови и дискотеки. На располагање се и бројни активности и спотртови на вода. Во близина е местото Несебар со атрактивниот стар град. Златни Песоци - бисерот на Бугарскот црноморски брег, лоциран на околу 18 км северно од Варна, на територијата на истоимениот националниот парк, и носител е на “сино знаме” (Blue Flag) кое EU го доделува за исполнување на еколошките стандарди за заштита на природата. Долгата плажа од “златен” ситен песок се протега во должина од 3,5 км и ширина до 100 м. Просечната температура на воздухот во летните месеци изнесува 27-28 С, а на водата 24-26 С. Разновидни активности се достапни преку ден и ноќ. За активен одмор на располагање се: игралишта за тенис и мини голф, куглање, јавање коњи, параглајдинг, jet ski, едрење со брод, скијање на вода, едрење на даска, нуркање ... По сончевите денови следат вечери во бројните таверни, ресторани, барови, ноќни и диско клубови. Златни Песоци е ресорт во величествен амбиент со шумовити падини кои се спуштаат на прекрасната плажа и синото море. Кранево е лоцирано во северниот дел од Бугарското крајбрежие, помеѓу познатите ресорти Албена и Златни Песоци, на околу 27 км од Варна. Блиската песочна плажа е широка 6 км и долга до 100 м. Дното на морето е рамно поради што нема влијание на морски струи и ненадејни менувања на длабочината на морето. Просечната температура на воздухот во летните месеци изнесува 27-28 С, а на водата 24-26 С. Ова туристичко место се препорачува за одмор на фамилии и ученици. На располагање на гостите се многу ресторани кои нудат мени од бугарската и европската кујна, игралишта за за деца, како и барови и клубови за забава.
|
|
01. ден СКОПЈЕ – СОНЧЕВ БРЕГ / ЗЛАТНИ ПЕСОЦИ / КРАНЕВО Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 18:30 часот. Поаѓање за Бугарија во 19:00 ч. Ноќно возење со попатни одмори.
02. ден СОНЧЕВ БРЕГ / ЗЛАТНИ ПЕСОЦИ / КРАНЕВО Пристигнување во Сончев Брег во утринските часови, во Златни Песоци и Кранево околу пладне. По пристигнувањето, трансфер до објектите за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
од 03. до 10. ден СОНЧЕВ БРЕГ / ЗЛАТНИ ПЕСОЦИ / КРАНЕВО Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објекти по избор од програмата, со услуга ноќевање појадок, полупансион или се вклучено. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.
11. ден СОНЧЕВ БРЕГ / ЗЛАТНИ ПЕСОЦИ / КРАНЕВО - СКОПЈЕ Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување за Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.
12. ден СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови. |
|
* Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (за 9 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 лица во соба наведените објекти. * Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност (1 EUR = 61,80 МКД).
ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ - Трето возрасно лице, на дополнителен кревет во соба - 10%. - Дете 2-12 години на дополнителен кревет во соба (само превоз) 60 EUR. - Дете 2-12 години со еден возрасен во соба - 40%. - Дете 0-2 години (не користи услуги, нема седиште) бесплатно. - Доплата за вечера 9HB: TSAREVETS 54 € (27 € за дете), RILA и SVEZHEST 45 € (23 € за дете). - Tуристичка такса за период, по лице 5 € / за дете 2,5 €. - Туристичка виза за Р.Бугарија и осигурување 10 € (дете 0-12 години 5 €). - Намалување за патување со сопствен превоз -20 EUR од цената во табелата - Само Автобуски превоз: Скопје-Сончев Брег/Златни песоци/Кранево 60 EUR (повратен билет).
НАПОМЕНИ: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници - За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ |