Дестинација
МАКЕДОНИЈА
ХОТЕЛИ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Летување во Македонија!? - мислата која ретко не потикнува на размислување, најдобро се потврдува кога ќе разбереме дека некој странец или група на туристи од некоја европска земја пристигнале токму кај нас да го поминат својот одмор. Нам, кои честопати знаеме да си кажеме, дека си ја знаеме земјата како својот џеб, многупати самата не изненадува со своите скриени убавини. Независно што најчесто доцна ги дознваме, секојпат нашето задоволство што живееме во неа, станува уште поголемо. Впрочем и не случајно, многумина туристи од светот ја посочиле како - скриеното богатство на европскиот континент. Охридското езеро, оддамна веќе познато како најстаро и најубаво езеро во Европа, со градовите Охрид и Струга, како и низата места кои се нанижале покрај неговите брегови, го исцрта своето место на туристичката карта на светот. Охрид не е само град-музеј, не е само лулка на словенската писменост и православието, Охрид и Стуга со своите приказни, археолошки локалитети, манастири и цркви се многу повеќе од неми сведоци на развојот на европската цивилизација. Заборавената некогашна топ-туристичка дестинација, за голем број туристи од постарите генерации како и за илјадниците нови, последните години повторно туристички воскренува. Зголемениот број на туристички групи и чартери кои се најавуваат преку домашните тур-оператори, го иницираат чувството кај многумина од нас - дека дома е најубаво!



МАКПЕТРОЛ *** - Струга

НАЗАД