Дестинација
ТУРЦИЈА
ХОТЕЛИ ВО ТУРЦИЈА

Кушадаси

Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. Топлата гостопримливост. големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор. Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: гратската, женската и долгата плажа, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилството на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близината на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, ви гарантираат незаборавен летен одмор.

Линк до: Ценовник за хотели во Кушадаси со сопствен превоз

Бодрум

Едно од седумте светски чуда на античкиот свет се наоѓало токму во Бодрум. Тоа била гробницата на Карискиот владетел Мавзол, подигната во 350 г. п.н.е. Познатиот Халикарнас или денешен Бодрум има многу богата историја. Античкиот историчар Херодот, еден од староседелците на градот, пишувал многу за неговото бурно минато. Прекрасното летувалиште е сместено во дното на големиот залив, а снежно-белите згради, тесните сликовити улици и прекрасните мали заливи на чии што брегови се изградени повеќето хотели го прават Бодрум мошне популарна дестинација за одмор. Ве него ќе сретнете голем број туристи од целиот свет кои преку целата година уживаат во неговите убавини.

Линк до: Ценовник за хотели во Бодрум со сопствен превоз


Мармарис

Едно од најубавите и секако најпопуларните туристички летувалишта во чии води се мешаат Егејското и Средоземното море е магичниот Мармарис. Од мало рибарско место, кое било познато по рибите и сунѓерите, Мармарис прерасна во модерен туристички центар со голем број на ново изградени хотели и хотелски комплекси. Поѓајќи од самиот град кон прекрасниот залив Ичмилер, погледот на туристите го привлекува прекрасната природна средина, која изобилува со шумска вегетација и импресивни морски заливи. Покрај прекрасните плажи и луксузните хотели градот нуди и незаборавен ноќен живот во големиот број барови, кафетерии, ресторани и дискотеки.

Линк до: Ценовник за хотели во Мармарис со сопствен превоз


Анталија

Како најголем град и пристаниште на турскиот брег од Медитеранот, сместена на падините на планината Торос и опкружена со борови шуми, Анталија се простира се до песочните плажи кои лоцирани надвор од центарот ги формирале летувалиштата Лара, Кунду и Коњалти. Бројните споменици како Адријановата порта, Саат кулата... сведочат за богатата историја на целиот регион. Освен убавите плажи и луксузните хотели кои се изградени покрај нив, регионот на Анталија е богат и со мноштво плантажи на разно јужно овошје.

Линк до: Ценовник за хотели во Анталија со сопствен превоз


Алања

Како најјужен град во Турција, Алања е богата со тропска вегетација. Според легендите римскиот император Марко Антониј овој убав дел од азискиот брег и го поклонил на царицата на Египет - Клеопатра. Денес, со прекрасните и долги песочни плажи, историските знаменитости, бројните рибни ресторани, модерните хотели, барови и објекти за забава, Аланија е повеќе од идеално летувалиште за одмор. Со монументалната убавина на Црвента кула (Кизил Куле), Селџук калето, пештерата Дамлаташ, Фосфорната пештера, Пештерата на заљубените, Алања нуди можност за интересни туристички посети. Според многумина туристи, таа е вистинскиот спој на сонцето, песокот и морето.

Линк до: Ценовник за хотели во Алања со сопствен превоз


Патничкото осигурување е задолжително!

Ви препорачуваме тип на полиса голд, од 0,7 € по лице на ден. Информации побарајте во вашата агенција.

За поеднинечно патување со автобус, автомобил или друго превозно средство низ Бугарија или Грција потребна е дупла транзитна виза за овие земји.

НАЗАД