ДЕСТИНАЦИЈА
КРФ
ЗА УПЛАТИ ДО 30. АПРИЛ - 10% ПОПУСТ + ГРАТИС ВИЗА И ОСИГУРУВАЊЕ !!!
 

КРФ
Воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња токму во една од најубавите приказни во своето дело "Одисеја", Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата раскажува... и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната - наречена Крф?
Крф е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви... како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови.             

ИПСОС
Гратчето кое распослано низ долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнино оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми тиристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати... го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата тиристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прави привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе. Изборот на Ипсос и Крф за наша повторна летна дестинација, не е случаен. Долгогодишната соработка со неговите домаќини и задоволството на нашите туристи е императив повеќе, за продолжување на традицијата. Објектите кои се лоцирани во непосредната близина на неговата плажа, нивниот квалитет и поволните цени на туристичките пакети претставуваат дополнителен мотив за негов избор.

01. ден СКОПЈЕ - ИГУМЕНИЦА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 18:30 часот. Поаѓање за Грција во 19:00 ч. Ноќно возење со попатни одмори.

02. ден ИГУМЕНИЦА - КРФ ( Ипсос )
Пристигнување во пристаништето Игуменица во утринските часови. Превоз со траект до островот Крф. По пристигнувањето, трансфер до објектите за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 03. до 10. ден КРФ ( Ипсос )
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објекти по избор од програмата, соби, студија и апартмани на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

11. ден КРФ - ИГУМЕНИЦА
Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Игуменица, патувањето продолжува кон Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

12. ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

Ipsos

Термин

Услуга

04.Јуни

20.Септ

13.Јуни

11.Септ

22.Јуни

02.Септ

01.Јули

10.Јули

19,28.Јули

06.Август

15.Август

24.Август

EKATERINA

9 ноќи

109

129

149

179

209

229

219

189

Сту.1/2+exb
или Апт.2/2

до 30.Апр

98

116

134

161

188

206

197

170

ANDREAS

9 ноќи

89

109

129

159

189

209

199

169

Студио 1/2

до 30.Апр

80

98

116

143

170

188

179

152

 

Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (за 9 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 лица во студио или 4 лица во апартман во наведениот објект.
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност (1 EUR = 61,80 МКД).

ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ
- Трето и четврто возрасно лице, на дополнителен кревет - 30%.
- Деца 2-12 години на дополнителен кревет - 40%.
- Дете 0-2 години (само превоз) 60 EUR
- Намалување за патување со сопствен превоз -25 EUR од цената во табелата
- Туристичка виза за Р.Грција и осигурување 15 € (дете 0-12 години 10 €)

* Попустите за деца или трето лице, важат исклучиво при сместување во студио/апартман со минимум две возрасни лица

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ 

НАЗАД