Дестинација
ТУРЦИЈА
КУШАДАСИ (автобус)

Некогаш малото рибарско место Кушадаси (Островот на птиците), денес претставува еден од најизградените туристички центри на Егејскиот Брег. Топлата гостопримливост. големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини. Неговите плажи: гратската, женската и долгата плажа, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилството на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близината на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, ви гарантираат незаборавен летен одмор.


01. ден СКОПЈЕ - КУШАДАСИ
Состанок на групата од Скопје во11:30 ч. на паркингот пред хотел Holiday Inn. Заминување за Турција во 12:00 ч. Патот води преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни одмори. Во Турција, премин со траект преку Мраморно море кај местото Чанакале.

02. ден КУШАДАСИ
Во пладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел (по 13:00 ч.) Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

од 03. до 10. ден КУШАДАСИ
Денови за одмор со престој во хотели **, лоцирани во градот со услуга ноќевање со појадок. Комуникација со локалните представници за евентуални факултативни излети и посети.

11. ден КУШАДАСИ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите (до 09:00 ч.) Заминување од Кушадаси во попладневните часови. Патот води преку Измир, Чанакале и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.

12. ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.



КУШАДАСИ
Хотели

Термин

04.Јуни

13.Јуни

22.Јуни

01.Јули

10.Јули

19,28.Јули

Услуга

20.Септ

11.Септ

02.Септ

24.Август

15.Август

06.Август

Sahin Yuvasi **
Germen **

9 ноќев.
со појадок

129

139

149

159

179

189


Попусти и доплати:
• Трето возрасно лице на дополнителен кревет -10%.
• Дете 7-12 години на дополнителен кревет -20%. Дете 0-7 години (само превоз) 80 EUR.
• Доплата за полупансион (вечера) за 9 дена 50 EUR.
• Доплата за клима уред во хотел + 5 EUR (на ден по соба).
• Доплата за еднокреветна соба + 25% .

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус и траект на наведената релација
- Сместување во хотел ** на база 9 ноќевања со појадок во двокреветна соба
- Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Грчка транзитна виза и задолжително патничко осигурување 15 EUR (за деца до 12г. 10 EUR)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (само билет): КУШАДАСИ 80 EUR, БОДРУМ 105 EUR

НАПОМЕНИ:
- Цените се изразени во EUR, за уплата во денарска противредност по пресмет. курс од 1€ = 61,80 MKD
- Цените се дадени по лице, за минимум 2 возрасни лица во соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ

НАЗАД