|
Потрагата за нови туристички откритија и оваа година не одведе на Лефкада. Барањето соодветни зборови за да се опише убавината на скриениот јонски архипелаг е залудна работа, по само неколкуте дена престој на него. Опкружувањето на природата која врз него и неговата околина се поиграла, правејќи чудесни комбинации помеѓу прекрасното море и зеленото копно, ја плени уметничката душа кај секој нејзин посетител. Сината лагуна со својата тврдина, морските спрудови кои се поигруваат со гледката кон него,,, островот го прават сосема специфичен. ака близок, а сепак сокриен од патиштата на копното. Градот Лефкада кој иако не е пристаниште, со илјадниците бели едра на прекрасните едрилици, надалеку е познат како една од најголемите природни марини во Средозамјето. Јонскиот брег со скриените плажи е вистинскиот магнет кој во последните години го вброи во самиот врв на светските дестинации за одмор. Сурфинг центарот во јужниот дел на Лефкада, како и можноста за новиот сурфинг со падобран на северниот дел од островото, го вбројуваат во самиот врв на атрактивните дестинации. Неговиот најпознат туристички бисер е градчето Нидри. Неговата местоположба и севкупна понуда беа неговите адути за нашиот избор.
 Нидри е прекрасна фотографија на природата. Поглед кон копно, поглед кон море... секаде исто - несекојдневна убавина. Градчето кое како најпознат туристички центар на Лефкада со години го диктира туристичкиот развој на островото и денес е најбараната негова детинација за одмор. Пиењето кафе со поглед кон морето од терасите долж неговото шеталиште, одморот под сенките на дрвјата виснати над малите плажи, пловењето со брод или чамец до островите на дофат од него и уживањето во нивната негибната природа се само неколкуте можности за несекојдневен престој на него. А доколку решите да се запознаете со јонските острови, еднодневната тира со бродовите кои испловуваат од него ќе допрете до природата која секојпат ќе Ви буди спомени. Заокружувањето на неговата богата понуда само ја дополнивме со прекрасните објекти за одмор.
|
|
01. ден СКОПЈЕ - ЛЕФКАДА Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 18:30 часот. Поаѓање за Грција во 19:00 ч. Ноќно возење со попатни одмори.
02. ден ЛЕФКАДА ( Нидри ) Пристигнување во Лефкас, главниот град на островото, патувањето продолжува кон познатото туристичко место Нидри. По пристигнувањето, трансфер до објектите за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.
од 03. до 10. ден ЛЕФКАДА ( Нидри ) Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објекти по избор од програмата, соби и студија на база ноќевање. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.
11. ден ЛЕФКАДА - СКОПЈЕ Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување за Македонија. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.
12. ден СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.
|
|
Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (за 9 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 лица во соба или студио во наведените објекти. Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност (1 EUR = 61,80 МКД)
ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ - Трето возрасно лице, на дополнителен кревет во соба - 30%. - Деца 2-12 години на дополнителен кревет во соба - 40%. - Дете 0-2 години (само превоз) 50 EUR - Намалување за патување со сопствен превоз -20 EUR од цената во табелата - За употреба на клима уред се доплатува на рецепција во објектите - Туристичка виза за Р.Грција и осигурување 15 € (дете 0-12 години 10 €)
* Попустите за деца или трето лице, важат исклучиво при сместување во соба/студио со минимум две возрасни лица
НАПОМЕНИ: - За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници - За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ |