ДЕСТИНАЦИЈА
ПОЛИХОРНО

ЗА УПЛАТИ ДО 30. АПРИЛ - ГРАТИС ВИЗА И ОСИГУРУВАЊЕ



Полуостровот Халкидики се протега југоисточно од Солун и заливот Термаикос. Со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос кои длабоко навлегуваат во Егејското море, формирал преку петстотини километри долги и песочни плажи. Прекрасната хармонија на сината морска шир, обиколена со песочните плажи и бујното зеленило, допирајќи се со непрегледната небесна шир дава впечаток на своевиден рај на земјата. Веројатно оваа природна убавина и ги иницирала монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата монашка држава - Света гора. Многуте туристички места и хотелски објекти, кои како бисери се нижат покрај брегот на Халкидики, го вбројуваат овој туристички регион како еден од најпосетените во Грција. Првиот негов крак - Касандра, специфичен со својот благ рељеф и исклучително зелаената вегетација, не случајно се издвојува како посебен И привлечен за најголемиот број туристи.

ПОЛИХРОНО

Сосема оправдано го носи епитетот на еден од трите бисери на Касандра. Ова некогашно рибарско село, кое со многуте други места на полуостровот Халкидики последните триесетина години доживеа вистинска туристичка експанзија, денес заедно со блиските Ханиоти и Пефкохори, го има статусот на едно од најпосетените. Располагајќи со исклучително добра и организирана инфраструктура, Полихроно веќе прерасна во вистинска туристичка мека. Прекрасната градска плажа долж чистото море, зеленилото, мноштвото објекти за сместување, угостителските и трговски дуќани, забавните содржини... го пленат и најпробирливиот летен гостин. Континуираниот интерес за Полихроно на македонскиот пазар и оваа година не иницираше да го вброиме меѓу актуелните летни дестинации во Грција.


Полихроно

по лице

МАЈ

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТЕМВРИ

термин

24

31

07

14

21

28

05

12

19

26

02

09

16

23

30

06

13

20

студио/апартмани

ноќевања

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

FOULIS "B" (tv,ac)

1/3+1

75

90

105

115

125

140

155

175

195

210

210

210

195

175

155

125

105

75

TASOULA "B" 

1/2+1

75

90

100

110

125

135

145

165

185

195

195

195

185

165

145

125

100

75

(tv,ac)

2/2+1

95

120

135

150

165

180

195

220

250

260

260

260

250

220

195

165

135

95


Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (за 7 ноќевања со вклучен превоз), за минимум 2 лица по студио/апартман.

Цените се изразени во ЕУР за уплата во денарска пртиввредност (1 ЕУР = 61,80 МКД).

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

- За деца 02-12 години > бесплатно (доплата за превоз 25 ЕУР)
- За трето лице над 12 години > бесплатно (доплата за превоз 35 ЕУР )
- Намалување за патување со сопствен превоз -10 ЕУР од цената во табелата

* Сите попусти за деца и трето лице важат при сместување во соба со две возрасни лица

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети). Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.


БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ ЗА ДЕЦА И ЗА ТРЕТ ВОЗРАСЕН





Кликнете на сликата за интерактивна верзија на мапата


НАЗАД