
Хотелот ,,Макпетрол” - Струга е лоциран во прекрасен шумски амбиент со изворедно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку од градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени. Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани.
Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.
Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аператив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.
Хотелот има конгресен центар со сала за семинари и конгресна сала, опремени со ЛЦД проектор, лап топ компјутер, компјутер со интернет приклучок, графоскоп, платно за прикажување и флип табли. Во склопот на центарот можете да ги користите аператив барот и ТВ салата. Сево ова ви дава идеални услови за организирање конгреси, семинари, модни ревии, презентации и други манифестации. Во хотелот можете да користите безжичен интернет.
Објектот располага со спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал, одбојка на песок, трим патеки), се организираат спортски игри, тренинзи, и има можност за ноќно спортување, фитнес центар, сауни и базен за ноќно капење. Слободното време поминете го во посета на Манастирскиот комплекс Калишта, кејот на Црни Дрим, атрактивниот струшки пазар или ноќите на Струшките вечери на поезијата.
|
ЛЕТО 2009 - ПАКЕТИ аранжмани на база полупансион (појадок и вечера) |
|
* 7 полупансиони / 8 дена = 12.800 денари * 5 полупансиони / 6 дена = 9.450 денари |