ДЕСТИНАЦИЈА
ЗАКИНТОС
ЗА УПЛАТИ ДО 30. АПРИЛ - 10% ПОПУСТ + ГРАТИС ВИЗА И ОСИГУРУВАЊЕ !!!

ЗАКИНТОС
Островот Закинтос е познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи и гостопримливи домаќини. Долж неговите брегови ве дочекуваат плантажите со овошје, маслини, виногради и преку 7500 врсти на цвеќиња. На источната страна неговите брегови благо се спуштаат кон морето, а на западната завршуваат со високи и засечени клифови. Традиционалниот грчки мелос и дух кој ќе го почувствувате во локалните таверни, надополнет со одличните морски специјалитети долго време ќе Ви остане во сеќавање. Осторвото кое е ориентирано кон развиениот туризам, пред се се карактеризира со својата еколошка чистина. Доказ повеќе се колонијата на морски желки кои се задржуваат на блиското островче Марахониси. Закинтос има извонредна местоположба, при што е оддалечен само час и половина пловење од блискиот Пелопонез и пристаништето Килини. Во негова непосредна близина се и Јонските острова Кефалонија и Итака. Главен град е Занте (Закинтос) кој е воедно и пристаништето на кое пристигнуваат поголемите бродови и траекти. Во самото место се наоѓаат многу хотели, ресторани, таверни и продавници за сувенири. И покрај земјотресот во 1953 година, местото ја задржало специфичната архитектура во венецијански стил на аркади, тесни улици и мали плоштади. Гледајќи кон него од морето, на левата и десна страна од Занте се лоцитани нашите летувалишта Аргаси и Тсиливи.

ТСИЛИВИ
Едно од главните летувалишта на Закинтос се наоѓа на североисточниот дел на осторвото, на само 5км од главниот град. Летувалиштто изобилува со мноштво таверни, ресторани, барови и клубови, при што се карактеризира со богат и интересн ноќен живот. Во неговата околина се лоцирани неколку исклучително чисти и убаво уредени песочни плажи. Објектите за сметување со кои располага овоа летувалиште го прават интересно за сите потенцијални туристи.


01. ден СКОПЈЕ - КИЛИНИ
Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday inn во 18:30 часот. Поаѓање за Грција во 19:00 ч. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

02. ден КИЛИНИ - ЗАКИНТОС ( Тсиливи )
Пристигнување на Пелопонез и пристаништето Килини во утринските часови. Превоз со брод до островот Закинтос. По пристигнувањето, трансфер до местото Тсиливи и објектот за сместување. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 03. до 10. ден ЗАКИНТОС ( Тсиливи )
Денови за одмор и идивидуални активности. Престој и услуга во објектот по избор од програмата. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

11. ден ЗАКИНТОС - КИЛИНИ
Напуштање на собите. Заминување на пристаниште. Превоз со брод до Пелопонез. По пристигнувањето на пристаништето Килини, патувањето продолжува кон Македонија. Патот води преку најдолгиот прекуморски мост во Европа кој го спојува Пелопонез со копното на Грција. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

12. ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.


Апартмани
 JUSTYNA COMPLEX - Tsilivi

 

JUSTYNA COMPLEX
Tsilivi

Термин

Услуга

04.Јуни

20.Септ

13.Јуни

11.Септ

22.Јуни

02.Септ

01.Јули

10.Јули

19,28.Јули

06.Август

15.Август

24.Август

Студио или Апартман

9 ноќи

99

119

139

169

199

219

209

179

1/2+exb (tv,ac) или 2/2 (tv)

до 30.Апр

89

107

125

152

179

197

188

161

Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (за 9 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 лица во студио или 4 лица во апартман во наведениот објект.
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност (1 EUR = 61,80 МКД).

ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ
- Трето и четврто возрасно лице, на дополнителен кревет - 30%.
- Деца 2-12 години на дополнителен кревет - 40%.
- Дете 0-2 години (само превоз) 65 EUR
- Намалување за патување со сопствен превоз -30 EUR од цената во табелата
- За употреба на клима уред се допллатува 45 € во објектот (во апартманите нема клима уред)
- Туристичка виза за Р.Грција и осигурување 15 € (дете 0-12 одини 10 €)

* Попустите за деца или трето лице, важат исклучиво при сместување во студио/апартман со минимум две возрасни лица

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ

НАЗАД