Т.А. “Бела Роза” II е основана во 1993 година. Во своето долгогодишно постоење агенцијата се издвојува по својата оригиналност и професионалност. Поседува лиценца “А” бр. 177, издадена од Министерство за економија на Република Македонија. Активна членка е на Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија (АТАМ).
Уште од самиот почеток Т.А. “Бела Роза” II се одликува со сериозен пристап на подрачјето на туризмот. Во текот на своето работење постигнува перманентен растеж во сите области на туризмот.
Организира секаков тип на аранжмани како во рамките на странскиот туризам , така и во рамките на домашниот туризам. Воедно нудиме беспрекорна организација и реализација на екскурзии, саеми, семинари т.е. се одликува со голема спремност да одговори на секое барање на странките.
Во текот на своето долгогодишно професионално работење туристичката агенција успешно организира групни и индивидуални патувања во странство, со хотелско сместување; како и посредување во вадење на авионски, автобуски карти, визи …
Во делот на домашниот туризам нудиме услуга на индивидуални и групни патувања низ Македонија, посредување при хотелско сместување, превоз, туристички водичи и др.
Т.А. “БЕЛА РОЗА II” располага и со сопствен превоз и тоа: високотуристички автобус ( 49 + 2 ) седишта, како и мини буси од различна категорија.
Истата соработува со осигурителна компанија и е овластен застапник за издавање на полиси за патничко и здравствено осигурување
Назад